Клоп има план како да го изненади Арсенал во дербито

Со само две победи во првите седум кола, Ливерпул е далеку од врвот во Премиер лигата. Тимот на Јирген Клоп заостанува дури 11 поени зад лидерот Арсенал, а токму Топчиите се следен ривал на Ливерпул и тоа на меч кој ќе се игра во Лондон.

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп е оптимист и најавува дека има тактика како неговите пулени да се вратат на победнички патеки. Германскиот стратег вели дека мора да има честа промена во формацијата на игра и на тој начин да се збунува противникот.

„Го почитувам Арсенал. Тоа е клуб со квалитетни играчи, но и млади сили и не сум изненаден од нивните резултати. Ние мора да работиме на подобрување во дефанзивната линија. За нас е најважно повторно да станеме непредвидливи за противниците. Затоа треба да користиме повеќе формации во играта. Секогаш треба да ја одбереме најдобрата формација а секој следен ривал што ќе го имаме“, вели Клоп.

На мечот против Ренџерс што Ливерпул го доби со 2:0 во Лигата на шампиони, Клоп често ја менуваше формацијата во играта. Од нивната стандардна формација 4-3-3, Ливерпул во текот на мечот се трансформираше во 4-2-3-1, па дури и со четворица офанзивци во формација 4-2-4, како и класичната 4-4-2.

- Оглас -

Најнови вести