Клоп ја одбил понудата да биде селектор на САД

Славниот германски фудбалски стручњак, Јирген Клоп, ја одбил понудата да ја води репрезентацијата на САД, објавија некои медиуми во Велика Британија.

Според изворите на медиумите, 57-годишниот тренер на челниците на Фудбалската федерација на САД им рекол дека не ја променил одлуката да паузира од тренерската работа по заминувањето од Ливерпул летово и затоа нема да може да ја прифати нивната понуда.

САД бараат нов селектор по отказот на Грег Берхалтер, под негово водство тимот не успеа да ја надмине групната фаза од Копа Америка иако беа домаќини на турнирот.

САД заедно со Канада и Мексико се организатори на Светското првенство во 2026 година, па не сакаат кикс и бараат големо име за селектор. Освен Клоп, како можен кандидат се спомнуваше и Пеп Гвардиола, кој неофицијално најави дека може да си замине од Манчестер сити по завршувањето на претстојната сезона, во летото 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести