Клоп: Кога голманот е најдобриот на мечот, тогаш е лошо за другиот тим

Ливерпул не успеа да ја освои втората титула во Лигата на шампионите под водство на Јирген Клоп. Англискиот тим имаше голем број на шанси но не успеа да го пронајде патот до мрежата на Тибо Куртоа кој што беше феноменален на голот.

„Кога голманот ќе биде најдобриот играч на мечот, тогаш тоа е лошо за другиот тим. Реал мислам дека имаше само еден шут во рамките на голот и таа топка влезе во мрежата, додека Куртоа мислам дека имаше три фантастични одбрани“ изјави Клоп.

Ливерпул до пред некоја недела беше во игра за истористки четири трофеи, но на крајот останаа со пехарите од ФА купот и Лига купот, додека во Премиер лигата завршија зад Манчестер сити, а вчера загубија од Реал во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести