Клоп: Кој не би го сакал Меси во својот клуб?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека секој клуб во светот би сакал во својот клуб да има играч како Лионел Меси, но во овој момент не постои шанса Аргентинецот да дојде на „Енфилд роуд“. Меси најави дека сака да си замине од Барселона и сега трае наддавањето за тоа каде може да игра Аргентинецот во новата сезона.

„Кој не би сакал да го има Меси во својот тим? Сепак, нема шанси тој да дојде кај нас. Бројките кои се спомнуваат за негов трансфер, едноставно не се за нас. Секако дека се работи за врвен фудбалер“, изјави Клоп.

Како најсериозен кандидат за доведување на Меси е Манчестер сити. Клоп знае дека ако Аргентинецот го облече дресот на Граѓаните, Ливерпул ќе има уште потешка мисија да ја одбрани титулата во Премиер лигата.

„Ако Меси замине во Сити, тогаш ќе биде уште потешко да ги победи некој. За Премиер лигата ќе биде одлично ако Меси дојде. Тој никогаш не играл во друго првенство освен во Шпанија, а фудбалот тука е поинаков. Би сакал да видам како ќе се снајде, но не сум сигурен дека ќе имам можност тоа да го видам“, вели Клоп.

Покрај Сити, за Меси се интересираат и Пари Сен Жермен, Интер, Манчестер јунајтед…

- Оглас -

Најнови вести