Клоп не е задоволен од компромисот: Го игнорираат здравјето на играчите

Јирген Клоп ги критикуваше клубовите кои гласаа против пет измени во Премиер лигата, а воедно не е задоволен од компромисот кој е направен со раководството на англискиот шампионат.

Од следното коло во употреба стапува правилото наместо седум, клупата за резерви да се состои од девет играчи, додека од јануари Премиер лигата ќе тестира „замена при повреда на главата“. Во таква ситуација, ќе може да се изврши замена со цел да се отстрани повредениот фудбалер, иако трите замени претходно се искористени.

Сепак, Клоп и натаму настојува да се зголеми бројот на измени со цел да се сочува здравјето на фудбалерите.

„Не сум сигурен дека ова е компромис. Премиер лигата е единствена што користи само три измени. Не познавам друга лига која не воведе промени, а сигурно има добра причина што ние уште работиме по старо. Навистина не можам да разберам зошто 10 клуба гласаа против пет измени. Јас не се обидувам да добијам предност само за мојот тим, туку се грижам за здравјето на сите играчи во оваа лига. Ова е игнорирање на нивното здравје“, вели Клоп.

Германецот уште од почетокот на сезоната 2020/21 е во „војна“ со раководството на Премиер лигата, меѓутоа не добива многу поддршка.

- Оглас -

Најнови вести