Клоп: Не ми се веруваше кога чув дека го отпуштиле Покетино

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го искоментира разрешувањето на Маурисио Покетино од Тотенхем. Аргентинецот беше ослободен во вторникот вечерта, а веќе следното утро за негов наследник беше назначен Жозе Мурињо.

Клоп призна дека бил многу изненаден од потегот на раководството на лондонските „петли“, но верува дека стручњак како Покетино нема долго време да остане без работа.

„Маурисио е прекрасен човек. Првиот меч во Англија ми беше против него, така што ние двајца си имаме историја. Сега тој ќе има можност да разгледа понуди и да го избере новото работно место. Кога слушнав за отказот, не можев да поверувам. Направи одлична работа. Се надевам оти тој ќе одмори неколку недели, месеци, ќе ужива, а потоа повторно ќе преземе тим”, вели Клоп.

Клоп му посака добредојде на колегата Мурињо, за кој смета дека ќе биде мотивиран и дека неговото враќање во Премиерлигата позитивно ќе влијае врз лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести