Клоп не можеше да се изначуди што се случи во првите 12 минути од мечот со Вулверхемптон

По 20 одиграни кола, Ливерпул е во голема опасност да не обезбеди место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Тимот од „Енфилд роуд“ сега е на 10 место во Премиер лигата и има двоцифрено заостанување зад четвртопласираниот Њукасл, што значи дека во вториот дел од сезоната, Црвените ќе мора да одиграат многу подобро ако сакаат да се надеваат на излез меѓу европската елита.

Ливерпул вчера беше немоќен на гостувањето кај Вулверхемптон и загуби убедливо со 3:0, а по само 12 минути Волците имаа предност од 2:0. Германскиот стратег едноставно не може да објасни што се случува со неговиот тим.

„Очигледно беше дека стартот беше ужасен. Примивме два гола кои едноставно не смеевме да ги примиме на таков начин. По наша вина губевме со 2:0 по само 12 минути игра. Треба многу подобро да се браниме. Нама оправдување. Во вториот дел одигравме многу подобро, но штета што не постигнавме гол. Не можам да најдам зборови да објаснам што ни се случи во првите 15 минути. Мора целосно да го промениме ритамот за следниот меч против Евертон. Тоа е тим кој го победи Арсенал и сега се во добар ритам“, рече разочараниот Клоп.

Германскиот стратег е под голем протисок, а интересно е дека навивачите на Вулверхемптон од стадионот го испратија со скандирање „утре ќе добиеш отказ“. Засега во Ливерпул не се размислува за вакво нешто, но секако резултатите на еден ваков гигант се далеку од посакуваните.

- Оглас -

Најнови вести