Клоп: Не сакам повторно да изгледаме глупаво како на последните две гостувања таму

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп верува дека неговите фудбалери ќе одиграат добар меч на гостувањето против Брајтон, ривал кој е еден од најнезгодните за Црвените. Во 2023 година Ливепрул два пати гостуваше кај Брајтон и два пати беше поразен (2:1 и 3:0).

Дури и ако се видат последните седум меѓусебни дуели, Брајтон има подобар биланс со три победи, три нерешени, а Ливерпул има само една победа во изминативе три години.

„Ако играме како минатата сезона, повторно ќе добиеме силен удар. Затоа мора да бидеме многу подобри. Брајтон е еден од најдобрите клубови во лигата, но не смееме да дозволиме повторно да делуваме глупаво на теренот. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар“, вели Клоп.

- Оглас -

Најнови вести