Клоп: Не сме ние Сити и ПСЖ, па секоја година да трошиме по 300 милиони евра

Актуелниот европски првак Ливерпул засега е пасивен кога се работи за трансферите во летниот преоден рок. Тренерот Јирген Клоп веднаш имаше одговор за тоа зошто Ливерпул досега нема доведено некое екстра засилување.

„Луѓето велат дека треба да потрошиме 200-300 милиони евра, но на светот има само два клуба кои може да го прават тоа секоја година. Тоа се Пари Сен Жермен и Манчестер сити. Во овој преоден рок се покажаа дека тоа може да го направат и Реал Мадрид и Барселона. Ние сме спокојни и гледаме што ќе се случи. Како што најавив, ова нема да биде трансфер-период за памтење во Ливерпул. Во последниве две години ние инвестиравме многу, а не може секоја година да го правиме тоа“, рече Клоп.

И без нови засилувања, Ливерпул покажа дека има тим за високи дострели, па дури и за европската круна. Главен фокус во новата сезона на клубот од „Енфилд роуд“ сигурно ќе биде освојување на трофејот во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести