Клоп: Не верував дека ќе имаме шанса да се бориме за првите четири места

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека до пред неколку недели ниту самиот не верувал дека неговиот тим ќе се бори за место во Топ 4 во Премиер лигата.

„Пред шест или седум недели, воопшто не верував дека ова може да се случи. Не бевме стабилни, ни фалеше константност, а единствената шанса да се бориме за Топ 4 беше само ако победиме на сите натпревари. Сега точно тоа се случува. Ништо не е во наши раце, но знаеме дека треба да ги добиеме сите мечеви за да имаме некаква шанса и да правиме притисок врз Њукасл и Манчестер јунајтед“, изјави Клоп.

Црвените синоќа против Лестер ја извојуваа седмата победа по ред и на две кола до крајот, имаат шанса да се пробијат до четвртото место, со што повторно би биле учесници во Лигата на шампионите следната сезона.

Ливерпул има 65 бода, само еден помалку од третиот Њукасл и четвртиот Манчестер јунајтед, но Чавките и Црвените ѓаволи имаат и по еден меч помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести