Клоп откри кои се тројцата најдобри фудбалери во историјата: Пеле, Марадона и….

И тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, упати порака за легендарниот Диего Армандо Марадона, кој пред два дена почина во својот дом во Аргентина. Клоп вели дека го обожавал Марадона и дека постојано бил дел од неговиот живот. Сепак, Клоп не сакаше да го нарече Марадона дека е најдобар на сите времиња, туку го смести во Топ 3.

„Имам 53 години и цел живот сум го следел Марадона. Беше феноменален. Ужасно ќе ми недостасува. Тој е еден одтројцата великани: Марадона, Меси и Пеле“, рече Клоп.

Ливерпул утре од 13:30 часот игра на гости кај Брајтон.

 

- Оглас -

Најнови вести