Клоп подготвува понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот треба да биде наследник на Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, подготвува официјална понуда до Реал Мадрид за бразилскиот репрезентативец Родриго, објави шпанскиот новинар Едуардо Инда во емисијата „Ел Чирингито“.

Според Инда, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е подготвен да го жртвува Родриго бидејќи идното лето планира на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе Килијан Мбапе. Токму поради ова Клоп врши голем притисок врз управата да достави официјална понуда до Реал за Родриго.

„Клоп е фантастичен тренер кој сака одлични фудбалери. Тој го сака играчот на Реал Мадрид, кого управата на клубот го обожува, но кој може да биде продаден доколку идното лето пристигне Мбапе. Тој е фудбалер кој би можело да претставува замена за Салах во Ливерпул. Фудбалерот кого Клоп го сака е Родриго“, изјави Инда.

- Оглас -

Најнови вести