Клоп пред големото дерби: Тимот на Мурињо е еден од најдобрите во контранапади

Актуелниот првак Ливерпул вечерва го пречекува Тотенхем, тимот со којшто го дели врвот на табелата, во големото дерби на „Енфлид“ кое ќе се игра во рамките на 13-тото коло во Премиер лигата.

Победа за која било екипа ќе значи и прво отцепување на првото место, по што многу веројатно ќе може да се истакне и главниот конкурент за титулата, а според досегашните резултати, Петлите дефинитивно се најголемата пречка на Ливерпул во одбраната на тронот.

Јигрен Клоп имаше само пофални зборови за Мурињо и неговиот тим во пресрет на дербито го окарактеризира Тотенхем како најопасен тим во лигата од контранапади.

„На почетокот од неговата кариера во Тотенхем, Мурињо бараше време за да го организира тимот како што тој сака и го доби. Се адаптираше на екипата и направи добра комбинација со својата идеја и филозофија, затоа Тотенхем моментално е еден од најкомплетните тимови. Одлични се во одбрана, а контра-ападите им се убиствени. Можеби се најдобри во контранапади во лигата, имаа многу ситуции кога со три додавања стигаа до противничкиот гол и забиваа. Мурињо долго време е во фудбалот и знае што треба да направи за да има конкурентен тим, тој најдобро знае како се извлекува позитивен резултат, што е најважно во овој спорт“, истакна Клоп.

Мегапресметката е закажана за 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести