Клоп: Не можам да сфатам како може да играат таков фудбал

Фудбалска Европа ќе добие нов владетел откако Ливерпул синоќа беше елиминиран во осминафиналето од елитното натпреварување на УЕФА. Англискиот гигант имаше многу шанси, но на крајот капитулираше во дуелот со Атлетико Мадрид.

По 90 минути, Ливерпул победи со 1:0, но тоа не значеше крај, туку дополнителни 30 минути возбудувања затоа што Атлетико победи со ист резултат во првиот меч. Во продолженијата Атлетико даде три гола, а првиот погодок на гостите се препишува како кикс на голманот на Ливерпул, Адријан. 

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не сакаше вината за елиминацијата да ја префрли само на еден играч кој беше на теренот.

„Ниту за секунда не го обвинивме Адријан за поразот. Тој сигурно не сакаше да реагира така. Додека бил на теренот на голот на Ливерпул , многупати тој успеал да нè спаси. Презадоволен сум како одигравме во текот на 90 минути. Со целата наша сила и душа сакавме да победиме, но на крајот моравме да му честитаме на Атлетико Мадрид“, рече Клоп, кој додаде дека не може да верува како Атлетико со толку квалитетни играчи игра таков стил на фудбал.

„Не можам да разберам како тим со таков квалитет игра ваков стил на фудбал. Тие може да играат многу попристоен фудбал, но стоеја длабоко во својата половина и чекаа на контранапади. Сфаќам дека сега изгледам како лош губитник, посебно затоа што моите играчи дадоа сè од себе против играчи од светска класа, но тие играчи само стоеја и се бранеа во два реда со по четворица играчи“, рече Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести