Клоп вети дека ќе се „расфрла со пари“ како и останатите ривали

Бурно лето е најавено во редовите на актуелниот европски шампион Ливерпул. Со цел да се одржи чекорот со останатите ривали во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, менаџерот Јирген Клоп вети дека ќе се обиде да доведе скапи, но и квалитетни засилувања.

Aмбициите на Црвените се одбрана на европскиот трон, и одново да му пркоси на Манчестер сити за шампионската титула во Премиер лигата, која минатата сезона им „избега“ за само еден бод. За разлика од минатото лето кога Ливерпул уште кон крајот на мај месец го реализира првото засилување Фабињо, оваа година засега мируваат на пазарот, но како што вели Клоп, допрва ќе биде прометно на „Енфилд“.

„Ние сме амбициозен клуб и константно работиме на развој на тимот. Ако тоа значи дека треба да носиме скапи засилувања кои можат да донесат дополнителен квалитет, секако ќе го сториме тоа. Мора да го одржиме чекорот со останатите екипи.

Колку што е познато, Ливерпул се интересира за Набил Фекир од Лион, а имаше шпекулации околу клупскиот колега на Французинот, Мемфис Депај. Исто така Црвените уште се во трката за потписот на Матајс Де Лихт, а нема да биде изненадување доколку Клоп купи и напаѓач како конкуренција за Фирмино.

- Оглас -

Најнови вести