Клоп во небрано: Адријан заработи бизарна повреда

Јирген Клоп нема многу причини за радост по освоениот Суперкуп против Челзи. Вториот избор на голот, шпанскиот чувар Адријан, заработи бизарна повреда на глуждот, по што е ставен под знак прашалник неговиот настап за претстојниот дуел против Саутхемптон во Премиер лигата.

За време на прославата по одбранетиот клучен пенал, Адријан се радуваше покрај соиграчите и неколку навивачи кои влетаа на теренот, а еден од фановите на Ливерпул му го повредил глуждот на шпанскиот голман. Ногата има оток и многу веројатно нема да брани во второто коло.

Германскиот стратег остана без адекватен чувар на мрежата, што значи дека против Светците на „Сент Мери“ ќе треба да му даде шанса на анонимниот ветеран Енди Лонерган, додека чеврти голман на Црвените е дваесетгодишниот Каомин Келехер.

Моментот кога Адријан се здоби со бизарната повреда:

https://twitter.com/ReaazAhmed/status/1162305492741496832

Дуелот од второто коло против Саутхемптон е закажан за утре во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести