Клоп воодушевен од Аргентинецот: Каков играч, Мекалистер е луд

Ливерпул синоќа потешко од очекувањата со 3:1 го совлада последнопласираниот тим на табелата, Шефилд јунајтед, со 3:1 и се врати на лидерската позиција.

Навивачите на Црвените стравуваа до 76-тата минута, кога беше 1:1, но тогаш на сцена стапи Аргентинецот со потекло од Шкотска и Ирска, Алексис Мекалистер, кој со одличен гол донесе водство од 2:1. Победата беше заверена во финишот, кога Коди Гакпо го постави конечниот резултат.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е импресиониран од играта и голот на Мекалистер.

„Алексис е навистина добар играч, во првото полувреме играше шестка, но знаевме дека можеме да го поставиме да игра понапред. Потоа постигна неверојатен гол. Двата најспектакуларни голови во сезоната ги постигна токму тој. Каков играч. Што се однесува до мечот, моравме да одиме „многу длабоко“ за да дојдеме до победата, но тоа е нормално во Премиер лигата. Играта која ја прикажавме не беше најдоба во многу моменти, но нашиот став беше добар“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести