Клоп збесна: Со ваква игра не заслужуваме да играме во Лигата на шампионите

Легендарниот стадион „Енфилд роуд“ сезонава е место на кое гостите почнаа редовно да си заминуваат со бодови. Ливерпул денеска киксираше против Њукасл и одигра само 1:1, поради гол примен во 90+6 минута.

По мечот, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да објасни како неговиот тим и овојпат не победи.

„Мислам дека не може да создадеме повеќе шанси, подобри шанси. Но, не успеавме да победиме. Не постигнавме втор гол и го оставивме Њукасл да биде во игра. На крајот заслужено освоија бод, затоа што и претходно дадоа гол, но судијата им го поништи поради новото правило за играње со рака. Имавме среќа со таа одлука на судијата, но им дадовме нова шанса на противниците и тие тоа го искористија. Ја имавем 70 отсто топката во наш посед, но изгледа треба да ја имаме 80 отсто. Њукасл заслужено освои бод. Со тоа како игравме денеска, не заслужуваме да играме во Лигата на шампиони следната сезона. Ќе видиме што ќе се случи до крајот на првенството“, рече разочараниот Клоп по денешниот дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести