Клоца на сезоната во изведба на фудбалер од Јужна Африка (Видео)

Играчот на клубот Кејп Таун сити, Кермит Ерасмус, доби црвен картон на мечот против Хајлендс парк, откако со крајно неспортски удар го суреди противничкиот играч Мотоби Мвала. Тренерот на Кејп таун, некогашниот славен јужноафрикански репрезентативец Бени Меккарти, рече дека неговиот играч направил глупост, но бил испровоциран.

Жртвата на ударот доби жолт картон, бидејќи со раце да допре топката пред Ерасмус да изведе слободен удар.

Погледнете го ѕверскиот удар во коленото на Мвала:

https://www.youtube.com/watch?v=ZxSoh6JR9oU

- Оглас -

Најнови вести