Клубот ангажираше детектив и чека само еден кикс на фудбалерот за да може да го избрка

Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Лас Палмас, Педро Танаусу Домингес Пласерес, попознат како Тана, е под необичен третман од клубот. Според шпанските медиуми, клубот од канарските острови решил да ангажира приватен детектив за да го реши проблемот кој го има со фудбалерот.

Тана е еден од ѕвездите на клубот. Тој е во Лас Паламс од 2012 година и има важечки договор до 2023 година. Проблемот се случи кога тренерот Пепе Мел најави дека веќе не смета на Тана и дека тој треба да си замине. Сепак, фудбалерот не се согласи на такво сценарио и сака да остане во клубот со кој има договор уште три години.

Ако Тана не игра, а биде дел од клубот, Лас Палмас ќе треба да плаќа за фудбалер кој не им е потребен. Оваа ситуација во многу потсерува на таа со герет Бејл во Реал Мадрид. Велшанецот знае дека е вишок во екипата и дека нема место за него на теренот, но останува дел од Кралскиот клуб и добива вртоглава плата за да дреме на клупата за резерви. За разлика од Бејл, Луис Суарес најави дека доколку не е потребен во Барселона, тој ќе си замине од „Камп Ноу“. 

За да го решат проблемот во своја корист, во Лас Палмас се сетиле да ангажираат приватен детектив кој постојано ќе го следи Тана и ќе се обиде да најде момент кога фудбалерот ќе прекрши дел од условите од договорот со клубот. Доколку Тана прекрши некој од тие договори, клубот ќе има основ да го избрка.

- Оглас -

Најнови вести