Клубот кој најмногу беше погоден од корона-вирусот се врати на тренинзи

Актуелниот јужноамерикански и бразилски шампион Фламенго пред извесно време соопшти дека 38 членови на клубот биле позитивни на ковид-19. Ниту еден клуб во светот немаше толкава бројка на заразени, а од вкупно 38, тројца биле фудбалери, додека останатите вработени во клубот. На почетокот животната битка со корона-вирусот ја загуби клупскиот масер.

Како и да е, без оглед на тешката ситуација, Фламенго од вчера се врати на тренинзи со најстроги мерки и заштита од корона-вирусот откако фудбалерите и стручниот штаб ги поминаа тестовите. Шампионот ќе се подготвува во случај да се продолжи првенството во Бразил, кое е прекинато од средината на март.

Иако Бразил бележи повеќе од 250.000 позитивни случаи на ковид-19 и бројката на мртви секојдневно расте, претседателот на државата Жаир Болсонаро се залага за рестартирање на фудбалскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести