Клубот на Бекам ги поместува границите, претставија дрес на дно на океан (Фото)

Фудбалскиот клуб Интер Мајами на оригинален начин го претстави својот син дрес со кој тимот ќе игра на некои натпревари од МЛС лигата во САД. Клубот чиј газда е некогашната голема англиска ѕвезда Дејвид Бекам, дресот го претстави на дното на атлантскиот океан, а тоа не е случајно бидејќи дресот е изработен од рециклирана океанска пластика.

Девојката Корал Томашчик позираше во дресот на Интер на длабочина од 30 метри, во многу чиста вода на Кајманските острови, а таа не носеше боца за кислород, туку испливуваше горе над вода и нуркаше меѓу две фотосесии. Навистина спектакуларно.

Овие дресови екипата на Интер првпат ќе ги облече на 29 мај, кога ќе играат против ДЦ Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести