Клубот не му даваше дозвола, но тој по секоја цена ќе брани за Хрватска на СП

Голманот Марин Шего ќе биде дел од хрватскиот национален тим на претстојното Светско првенство во ракомет, иако од неговиот клуб Монпелје се обидувале да го спречат да им се приклучи на Коцкестите бидејќи се повреди на претпоследниот меч.

„Противнички играч скокна од крилна позиција, мој соиграч го турна и падна на мојата нога. Го извртев глуждот, лекарите заклучија дека три недели нема да можам ништо да правам. Бев три недели на одмор, а и секако дојде крајот на тој дел од сезоната. Снимките покажаа дека зглобот не е во најдобра состојба, но мене не ми се чини така. Реков дека не ме боли, немам проблеми околу доскокот и трчањето, но не се 100 проценти заздравени двата лигаменти. Од клубот ми рекоа дека не треба да одам на СП, сакаа да останам во Франција, но јас не бев за таа опција“, раскажува Шего.

Шего се договорил со тренерот дека ќе го пуштат да оди на подготовки и да настапи за Хрватска, но само под услов да го прескокне првиот круг од првенството.

Хрватите се едни од фаворитите за медал на СП во Египет, имаат амбиција да останат таму до последниот ден на шампионатот, па веројатно и за Шего ќе има прилика да се појави како еден од тројцата голмани во составот на Лино Червар.

- Оглас -

Најнови вести