Клубот што форсира млади играчи ангажира ветеран – Чудно за Борусија Дортмунд, потпишаа договор со 34-годишен фудбалер

Раководството на Борусија Дортмунд мораше експресно да реагира по проблемите на напаѓачот Себастијан Халер и денеска потпиша едногодишен договор со Ентони Модесте од Келн.

Халер има рак на тестисите и бие тешка животна битка, па не се знае кога ќе се врати на терен и мораше да му се најде замена.

Популарните Милионери ретко се одлучуваат на ваков чекор, да ангажираат играч кој е во залезот на кариерата, а Модесте веќе има 34 години, но сега мораа брзо да реагираат бидејќи веќе почна и Бундеслигата.

Модесте потпиша договор до јуни 2023 година.

„Борусија ми даде шанса да играм во Лигата на шампионите во залезот на мојата фудбалска кариера и тоа е можност што не се пропушта,па затоа веднаш ја прифатив понудата. Жал ми е за Келн, особено за навивачите. Тие секогаш ќе бидат мојот втор дом“, рече Модесте.

Напаѓачот кој даде 79 гола на 156 натпревари за Келн ќе може да игра за Борусија веќе од следното, второ коло во Бундеслигата, на 12 август против Фрајбург на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести