Клубовите од топ 5 лигите не се „најтоварени“ во Европа

Наближувањето на зимската пауза во некои шампионати се користи како оправдување од тренери и нивните играчи дека проблем им е набиената програма и веќе чувствуваат замор. Но, тие оправдувања може да ги користат само неколку тима во Европа.

„Орлите” од Разград, како што го нарекуваат бугарски Лудогорец, го делат првото место во Европа по бројот на мечеви од почетокот на сезоната. Од 5 јули, кога се сретнаа со Локомотив Пловдив во Суперкупот на Бугарија, Лудогорец водеше 34 битки во сите натпреварувања.

Но, и Лудогорец не е прв на листата ако се сметаат сите мечеви од крајот на ЛШ од минатата сезона наваму. Норвешкиот Розенборг од 6 јуни наваму одиграл 35 официјални мечеви. Сепак, оваа сезона во европските натпреварувања почнува во јули и затоа Лудогорец, заедно со уште два тима од Источна Европа, може да се пофали како најзафатен во втората половина на 2019 година.

Романскиот Клуж и словачкиот Слован Братислава, исто така до моментов одиграа по 34 двобои. Клуж ќе биде најоптоварен тим до крајот на годината бидејќи мечеви во Романија ќе се играат и на 22 декември, па Клуж со три домашни меча и еден од Лигата на Европа ќе дојде до бројка од 38 средби, додека Лудогорец ќе остане на 37.

- Оглас -

Најнови вести