Неодамна се изненадивме со начинот на кој руски Ростов го претстави своето засилување нашиот млад играч Давид Тошевски, видеото делуваше светски, но изгледа мода е во светот на фудбалот клубовите своите нови играчи да ги претстават со видеа кои се како мини филмови.
По потписот на 36-годишниот Рикардо Кварешма за Виторија Сетубал, Португалците изработија спот во кој Кварешма е претставен како крал, па има тука и замок, јавање на бел коњ, итн. Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1303026383740784642
И Арапите не заостануваат, напротив. Аргентинецот Николас „Пити“ Мартинес реши да потпише за Ал Наср од Саудиска Арабија, а некогашниот играч на Бока јуниорс и Атланта јунајтед е главен лик во видеото во кое има чанта полна со долари, луксузен автомобил и дрес на Ал Наср.