„Клуч“ на уште едно првенство во Европа: Прогласен шампион, но ќе има и испаѓање

Фудбалската федерација на Шкотска денеска одлучи и дефинитивно да се стави крај на сезоната 2019/20, а Селтик да го прогласи за шампион. За разлика од земјите кои се решија на сличен потег и решија да не се доиграат фудбалските шампионати, во Шкотска, освен што беше прогласен првак, ќе има и испаѓање. Екипата на Хартс како последнопласирана на табелата ќе игра во втората лига од следната сезона.

По некомплетното 30-то коло во Премиер лигата на Шкотска, Селтик имаше 80 бодови, додека неговиот најголем ривал Ренџерс заостануваше 13 бодови, со меч помалку. За Селтик ова е деветта титула во низа, вкупно 51-ва во клупската историја. Рекордер по бројот на титули е Ренџерс со 54 првенствени трофеи во клупската историја.

Интересно е што за разлика од првенството, Купот на Шкотска нема да се прекине и треба да се доиграат мечевите од полуфиналето, а потоа да се одигра и финалето за да се дознае освојувачот на трофејот во најмасовното натпреварување во земјата.

 

- Оглас -

Најнови вести