Клуж го преживеа пеколот во Глазгов и го нокаутира Селтик

Романскиот првак Клуж ги прегрми сите искушенија на „Селтик парк“ во Глазгов и успеа да го победи и да го елиминира шкотскиот гигант Селтик.

Гостите победија со 4:3, што по ремито од 1:1 на домашен терен им беше доволно за пласман во плејфот за настап во Лигата на шампионите.

Деак им донесе предност со гол во 27-мата минута, а потоа гостите постојано бркаа предност. Селтик поведе со 2:1 со головите на Форест и Едуард, па Омрани со гол од пенал израмни на 2:2, но повторно домаќините се радуваа на предност.

Кристи погоди за 3:2 во 76-тата минута, кога почна лудиот финиш на Романците. Омрани повторно беше прецизен во 80-тата минута, а Клуж израмни на 3:3, резултат што им беше доволен за пласман понатаму. Го потврди Тукудеан со погодок во 97-мата минута за пламсан на Клуж во финалето од квалификациите за ЛШ.

Претходно, во завршната фаза се пласираа и: АПОЕЛ, Розенборг, Ајакс, Бриж, Динамо Загреб, ЛАСК Линц и Олимпијакос.

- Оглас -

Најнови вести