Кобајаши приреди шоу за старт на новогодишната турнеја, победи со најдолг скок во Оберсдорф

Јапонецот Рјоју Кобајаши приреди шоу со најдолг скок од 141 метар во Оберсдорф за победа на првата од четирите скокалници во новогодишната турнеја.

Јапонецот изведе прекрасен втор скок со најголема далечина и заедно со првиот обид во кој прескокна 128,5 метри, собра најмногу поени, 302, за победа во Оберсдорф на стартот на традиционалната турнеа Четири скокалници.

Зад Јапонецот, е тандемот Норвежани, Халвор Гранеру и Роберт Јохансон, за кои имаше место на подиумот во Оберсдорф.

https://twitter.com/SportRisultati/status/1476240975769001985?s=20

Следна станица е Гармиш Партенкирхен, а ќе се скока на првиот ден од Новата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести