„Кобрата“ бакна репортерка во уста и предизвика хаос (Видео)

По победата на Кубрат Пулев против Богдан Дину, бугарскиот боксер имаше интервју и откако даде изјава, ја бакна репортерката со филипинско потекло, и тоа во уста. Со овој потег тој ја изненади и Џени Суши, која всушност не е новинарка, туку е позната како готвачка на суши и позната е како кралицата на голото суши, а бакнежот стана хит на социјалните мрежи кои „горат“ од разни коментари. Засега нема реакција од пејачката Андреа, со која Пулев е во врска цели 12 години.

Тие што не ја сакаат Андреа, го фалат 37-годишниот Пулев и сметаат дека со овој потег тој сакал на девојката да ѝ раскине. Од друга страна, побројни се негативните коментари.

- Оглас -

Најнови вести