Koџо со деби гол го прекина тримесечниот пост на Лавовите

Македонија Ѓорче Петров со минималната победа од 1-0 против Силекс го отвори 22-то коло во Првата фудбалска лига. Лавовите конечно по три месеци пост освоија три бода во домашното првенство за прекин на серијата од пет меча без победа.

Коџо Манувио со својот дебитантски првенствен погодок во 19-тата минута за тимот од Ѓорче Петров ја реши средбата, по што Лавовите остварија двојна победа на екипата од Кратово откако во првиот дел од сезоната славеа со 3-0 на гости.

Македонија останува на третото место на табелата со 38 бода, шест повеќе од Струга Трим Лум, а само два бода помалку од второпласираниот Шкупи. Силекс останува на само шест победи во 22 натпревари и затоа нема да се помести од деветтото место со само 23 бода, два повеќе од екипите кои се во црвената зона.

- Оглас -

Најнови вести