Коефициент за кој вреди да се ризикува на хокејското дерби на Њујорк

Далас – ЛА клиперс (02:30 ч.)

Екипи кои се со квалитет да одат далеку и во плејофот на разигрувањето за титулата. Сепак, Далас има проблем што на домашен терен не е убедлив и има 13 победи и 10 порази. Клиперс е речиси со над 50 отсто успешност на гости.

Необична е традицијата која вели дека во последните осум меча наизменично победува едната, па другата екипа, што значи дека имаат по четири радости. Ако се следи тој ритам, сега е ред Далас да се радува. Лука Дончиќ е во одличен ритам, а кога Словенецот ќе се разигра, тешко кој противник може да го сопре.

Предлог тип: 1 (1.93)

 

Њујорк ренџерс – Њујорк ајсландерс (01:00 ч.)

На ред е њујоркшкото дерби во НХЛ. Актуелната состојба на табелата и традицијата се сосема различни. Ренџерите победија на четири од последните пет дуели, но Ајсландерс сезонава имаат подобар вкупен биланс.

Сепак, тоа што е најинтересно е дека во изминативе шест дена веќе играа два пати и Ренџерс победија со 6:2 на свој терен и 3:2 на гости. Сега тие бараат хет-трик против овој ривал само во една недела. Се очекува ново шоу на лизгалиштето во Њујорк и погодоци на двете страни, а нашата прогноза е дека ќе продолжи доминацијата на Ренџерите. За ваков коефициент вреди да се ризикува.

Предлог тип: 1&7+ (6.33)

 

Каролина хурикејнс – Винипег џетс (01:00 ч.)

Ова е еден од оние мечеви на коишто вреди да се ризикува за поголем коефициент. Каролина воопшто не е убедлива на свој терен, но фактот дека гостите имаат проблеми со повеќе повредени играчи, фаворитската улога е за Ураганите. Инаку Винипег воопшто не игра лошо на гости.

Двете екипи негуваат офанзивна игра, а и традицијата вели дека на три од последните четири меѓусебни меча имало повеќе од пет гола.

Предлог тип: 1&5+ (2.80)

 

Чикаго блекхоукс – Флорида пантерс (02:00 ч.)

Меч на единствените две екипи коишто имаат актуелна низа од по пет победи во НХЛ. Интересно е што три од последните шест меѓусебни дуели биле нерешени и морале да се решаваат во продолжение.

И на овие средби погодоците не изостанувале, па може да се очекува неизвесен меч во којшто двете екипи имаат свои шанси, но сепак мала предност ќе дадеме на домаќинот Чикаго.

Предлог тип: 1Х (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести