Коефициентите не им даваа големи шанси, но тие се двата финалисти на ЕП

Репрезентациите на Хрватска и Унгарија ќе играат во финалето на Европското првенство во ватерполо кое се игра во Сплит. Домаќинот на турнирот, селекцијата на Хрватска по голема борба со 11:10 ја победи Италија, која важеше за фаворит пред мечот.

Хрватите во првата четвртина ја добија со 3:2, а останатите три четвртини завршија егал, па на крајот Коцкестите се радуваа на победа.

Унгарија исто така имаше помали шанси за триумф во дуелот против Шпанија, но селекцијата која има долга успешна ватерполо традиција, уште еднаш покажа врвен квалитет и на крајот победи со 10:8.

- Оглас -

Најнови вести