Македонската ракометна репрезентација денеска попладне ќе отпатува за Дебрецин, каде што ќе биде дел од Европското првенство. Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а непосредно пред тргнувањето, синоќа стигнаа лоши вести за нашиот тим.
Петмина од оние кои се дел од македонската експедиција се позитивни на последниот тест за корона-вирусот, што значи дека тие нема да патуваат за Унгарија. Засега не се знае дали тие петмина се ракометари или дел од стручниот штаб, но јасно е дека ова е голем проблем за нашиот тим во пресрет на континенталниот собир.
Во првото коло, Македонија в четврток ќе игра против Словенија, а коефициентите во Sport Life велат дека противниците се апсолутни фаворити. Победа на Словенија вреди со коефициент 1.10, додека за Македонија да се радува, квотата е дури 9.50. За нерешено, квотата е дури 15.
Во Sport Life сега на понудатата ги има коефициентите дури за 12 меча кои ќе се играат во првото коло на ЕП, а за оние кои сакаат да играат на тоа колку бодови ќе освои Македонија во групата, колку пенали и исклучувања ќе бидат досудени за нашата селекција и уште еден куп други интересни игри, може да проверите ТУКА.