Коелјо напиша прекрасна футсал драма – Португалија со атрактивен пресврт ги обедини европската и светската круна

Репрезентацијата на Португалија приреди драматичен подвиг и со пресврт ја победи Русија со 4:2 во финалето на Европското првенство во футсал.

Португалците ја одбранија европската круна, а и ги обединија двете највредни титули, па сега се и актуелни европски и светски прваци.

Андре Коелјо е јунакот на старо-новиот европски првак и играчот на Барселона со два гола во второто полувреме го заврши пресвртот што го најави Пако.

Во претпоследната секунда од мечот Варела стави печат на големиот триумф на Португалците.

Русија водеше со 2:0 со головите на Соколов и на Афанасиев во десеттата и во 13. минута, но не победија и го освоија среброто.

Четирите гола по ред на Португалците беа клучни за шампионската круна во исклучително квалитетен и драматичен меч во финалето во „Зиго дом“ во Амстердам.

Шпанија ја освои бронзата по победата од 4:1 против Украина во малото финале на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести