Кога беше најпотребно, Бостон знаеше како треба (Видео)

На Бостон бруинс му требаше време да се загрее и да се навикне на финалето на Стенли купот, а кога фати ритам, на Сент Луис блуз му немаше спас. Бостон пред својата публика победи со 4-2 и поведе со 1-0 во финалната серија во хокеарската НХЛ лига.

Гостите водеа со 1-0 по првата третина, вториот период го доби Бостон со 2-1, па со изедначен резултат се влезе во решавачкиот дел. Шон Курали погоди за водство од 3-2, а истиот играч асистираше за конечните 4-2. Сент Луис досега имаше 6-1 во мечевите на кои имаше водство по првата третина, но финалето е друга приказна.

Сент Луис има 0-13 во финалните мечеви во својата историја. Овој клуб играше големо финале против Бостин и во 1970 година, кога загуби со чисти 0-4.

Бруинс оди по својата седма титула, прва по 2011 година. Четирите гола ги постигнаа четворица различни хокеари, што покажува дека предноста во ова финале им е поголемиот фонд на добри играчи во ротацијата.

- Оглас -

Најнови вести