Кога е Роналдо тука, нема мака за Јувентус (Видео)

Тоа што Андреа Пирло го најави пред мечот со Калјари, играчите на Старата дама го исполнија на теренот во Торино. Актуелниот италијански првак со 2:0 славеше на свој терен, а играч на мечт беше Кристијано Роналдо кој ги постигна двата погодоци за домаќините.

Португалецот прво погоди во 38 минута, а само четири минути подоцна повторно ја затресе мрежата на противникот за 2:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Калјари во второто полувреме даде еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Јувентус сега има четири победи и четири нерешени по осум меча и со 16 бодови ќе преноќи како второпласиран во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести