Кога е „зорт“, можат да соработуваат – Англиските гиганти се здружија за експресно да си ги вратат играчите од Бразил

Интересна соработка имаат најголемите ривали во Премиер лигата, Манчестер јунајтед и Сити, потоа и Ливерпул и Челзи за да ги вратат навреме своите играчи по квалификацискиот меч меѓу Бразил и Уругвај што ќе се игра ноќеска од 02.30 часот по полноќ во Манаус.

Гигантите од Англија заеднички организираа чартер за навреме да ги имаат играчите за следното коло во Премиер лигата. Се приклучи и Лидс, екипа што сака да го има на терен Рафиња за мечот со Саутхемптон.

Во експедицијата од деветмина фудбалери ќе бидат и Кавани, Фред, Фабињо, Алисон, Едерсон, Габриел Жезус…

Најмногу му се брза на Ливерпул, бидејќи тие играат во сабота, од 13.30 часот, со Ватфорд на гости, па имаат 35 часа од завршувањето на мечот во Манаус меѓу Бразил и Уругвај за да ги доведат во Англија голманот Алисон и Фабињо.

Челзи има најмногу време на располагање за да го доведе Тијаго Силва бидејќи игра со Брентфорд во сабота од 18.30 часот, а најавено е дека е можно да има два чартери за вкуно деветмина играчи од различни клубови.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести