Кога игра Реал Мадрид веќе се знае кој е резултатот на полувреме

По 45 минути на гостувањето кај Рајо Вајекано, Реал Мадрид повторно игра со резултат 0:0. Кралскиот клуб даде гол преку Касемиро, но тој беше поништен поради офсајд.

Со ремито без погодоци на полувреме, Реал продолжува една неверојатна низа. Веќе шести натпревар во низа, мадридскиот гигант по првите 45 минути игра со резултат 0:0.

Во исто време кога започна овој дуел во Шпанија, започнаа и два интересни меча во Англија и Германија, а и таму нема погодоци. На полувремето меѓу Евертон и Манчестер сити е 0:0, а без голови играат и Ајнтрахт – Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести