Кога играат Аталанта и Сасуоло, возбудувањата доаѓаат во изобилство

3002 Аталанта – Сасуоло (Серија А Италија, 20:45 чсаот)

Овие две екипи важат за едни од најефикасните во Серија А и секогаш кога играат меѓусебно, можеме да очекуваме гол повеќе. Фаворитската улога дефинитивно е на страната на домашните, но и Сасуоло доаѓа со свои пресметки бидејќи посакува да остане непоразен во Бергамо.

На последните 10 средби, двете екипи само на една не постигнале најмалку по по еден гол, а најефикасна е средбата од 2018 година, каде што домаќин беше Сасуоло и заврши со резултат 2:6 во корист на Аталанта.

Предлог тип: ГГ3+ (1.80)

 

1302 Леванте – Селта Виго (Ла Лига Шпанија, 22:00 часот)

Домаќините, за кои повторно нема да настапи Енис Барди, се специјализираа за нерешени резултати, додека Селта е во лоша форма од почетокот на сезоната.

Леванте игра „икс“ на четири од последните пет натпревари, а Селта има идентичен скор, но само што тоа се порази, а само еднаш одиграла нерешено.

Последниот меч што го одиграа минатата сезона во кој домаќин беше Леванте, го завршија со 1:1, а предвидувањата се дека и овој меч би можело да заврши нерешено.

Предлог тип: Било кога Х (1.81)

 

1105 Ватфорд – Стоук (Лига куп Англија, 20:45 часот)

Дуел на тимови од Премиер и Чешмшионшип лигата на Англија, но тоа не мора ништо да значи. Квалитативно нема голема разлика меѓу двете екипи и можеме да очекуваме тврд натпревар со малку погодоци.

Ватфорд на последниот свој меч славеше над Норвич во најсилната англиска конкуренција, додека, пак,  Стоук е на позицијата под број пет во Чемпионшип.

Предлог тип: 0-2 гола (1.7)

 

2621 Хелсинборг – Јонкопинг (Суперетан Шведска, 19:00 часот)

Само победа е опција за домашниот тим кој се бори за влез во најсилната лига на Шведска.

За разлика од нив, Јонкопинг се наоѓа на средината на табелата и иако имаат шанси за чудо и да се изборат за плејоф или директен пласман во првата лига на оваа држава, сепак, тоа е малку веројатно.

Хелсинборг дома двапати го пречекал денешниот противник и во двата наврати има остварено триумф (1:0, 2:0).

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1927 Вадуц – Винтертур (Челинџ лига Швајцарија, 18:00)

Натпреварите од швајцарските лиги, било тоа да е првата или втората по квалитет, секогаш носеле изобилство од голови. Такво нешто очекуваме и од денешниот наш предлог, средбата меѓу Вадуц и Винтертур.

Домаќините пред своите навивачи играат со просек на голови од 4, додека пак гостите имаат просек од по три погодоци на натпревар.

И последните два нивни меѓусебни дуели најавуваат нешто слично бидејќи просекот од овие два меча во последните години изнесува 5 голови по меч.

Предог тип: 3+ (1.67)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести