Кога играат балкански селекции, не може да биде мирно: Романците и Босанците се испотепаа (Видео)

Романија убедливо со 4:1 ја победи Босна и Херцеговина во меч кој немаше големо резултатско значење затоа што БиХ уште претходно го имаше обезбедено првото место во групата, додека Романија се знаеше дека ќе биде последна.

Сепак, тоа што не се знаеше е дека ќе има жестока тепачка меѓу навивачите на двете селекции. Инцидентот се случи уште на самиот старт од средбата. Домашните фанови почнаа да извикуваат „Србија, Србија“, а потоа тргнаа и во напад на гостинските навивачи.

Мораше да реагира и полицијата, а судијата мораше и да го прекине мечот, и тоа само по 30-тина секунди од почетокот.

 

- Оглас -

Најнови вести