Кога играат Македонија и Ерменија, тоа е најава за 3+

Македонската фудбалска репрезентација денеска има шанса да го осигури првото место во групната фаза од Лигата на нациите. Нашите најдобри фудбалери вечерва гостуваат кај Ерменија, каде што со победа веќе ќе може да се прослави загарантираната лидерска позиција.

Против Ерменија имаме одиграно седум меча, а карактеристично е тоа што на овие мечеви секогаш имало погодоци. Дури шест средби завршиле со 3+, а единствено последната меѓусебна пресметка од минатиот месец во Скопје, Македонија ја доби со 2-0. Затоа, ако се гледа традицијата, и денеска во Ереван треба да се очекува мрежите да се тресат.

Во досегашниот дел од Лигата на нациите, Македонија го има вториот најдобар напад во Сегментот Д. Во три меча постигнавме осум погодоци, а единствено Луксембург со 10 гола е поефикасен, но од четири дуели. Македонија го има најопасното трио во нападот. Алиоски, Пандев и Трајковски се во топ 5 стрелците во Сегментот Д. Овие тројца заедно имаат дадено седум голови.

Македонија е без пораз веќе 10 натпревари, а брка историска четврта победа во низа.

 

- Оглас -

Најнови вести