Кога играат Струга ТЛ и Шкендија има резултат кој е најчест, а има голема веројатност пак така да заврши

Возбудувањата на македонската фудбалска сцена денеска ќе продолжи со дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Струга ТЛ и Шкендија. Ова е дерби-пресметка меѓу вториот и третиот на табелата во Првата лига, а овојпат влогот е Купот.

Пред еден месец Шкендија во Тетово со 2:0 ја победи Струга ТЛ во првенството. Тоа беше и прва победа во последните девет пресметки против Струга ТЛ. Традицијата вели дека во последните девет дуели на овие ривали Струга има четири победи, а четирипати било нерешено.

Впечатливо е дека сите девет последни средби на овие два ривала на крајот завршувале со два до три погодока. Резултатот 1:1 е најчест и бил четирипати во последните девет пресметки. Сега за пак да биде 1:1, квотата е одлична и изнесува 6.00.

За десетти пат по ред на крајот резултатот да биде со два до три погодоци носи квота од 1.90.

- Оглас -

Најнови вести