Кога играат тие, головите се загарантирани: Шести пат во последните осум средби одиграа ГГ4+

Њукасл одигра уште еден фантастичен меч и на крајот се радуваше на три бода и тоа на гостувањето кај Нотингем Форест, победувајќи со 3:2. фантастично беше првото полувреме во кое беа постигнати дури четири голови.

Њукасл два пати водеше, а Нотингем Форест два пати израмнуваше. Во средината од второто полувреме Бруно Гимераеш погоди за 3:2, што на крајот се покажа и како клучен гол за победа на гостите.

Со овој резултат Њукасл продолжи да игра дуели на кои има многу погодоци. На шест од последните осум дуели на Свраките на крајот се завршува со гол-гол 4+.

- Оглас -

Најнови вести