Кога Интер не го сака, Фламенго ќе го откупи договорот на својот херој

Бразилскиот Фламенго е пред еден од најголемите предизвици во клупската историја. Тимот од Рио де Жанеиро е во Доха, каде што го чека дуелот против Ливерпул во финалето од Светското клупско првенство. Фламенго се најде на овој турнир благодарение на титулата за најдобар тим во Јужна Америка, а сега е само на една победа од приматот да биде најдобар тим во светот за 2019 година.

Еден од најзаслужните за овие успеси на Фламенго е напаѓачот Габриел Барбоса. Тоа е фудбалерот кој како позајмен играч дојде од Интер. Нераѕурите не го сакаат популарниот Габи гол, што е шанса за Фламенго да го откупи неговиот договор.

„Имаме преговри со Интер и тие ќе ги продолжиме по завршување на Светското клупско првенство. Веќе четири месеци преговараме и има напредок. Можам да кажам само дека сумата е под 22 милиони евра“, откри претседателот на Фламенго, Марко Браза.

Габриел сезонава одигра 41 гол за Фламенго и даде 34 гола, а имаше и 11 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести