Кога не игра Дончиќ, Далас губи и од најслабите

Далас беше голем фаворит на гостувањето кај Атланта, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Тренерот на гостите, Рик Карлајл реши на овој меч да го одботи Лука Дончиќ, а тоа се покажа како кикс. Без Словенецот на теренот, Далас делуваше немоќно.

Јастребите кои до овој меч имаа само 16 победи во 57 меча, направија изненадување и тоа с о пресврт. По првите 12 минути, гостите водеа со 35:21, а во втората четвртина имаа предност и од 16 поени (51:35). На почетокот на последната четвртина, Далас водеше со 90:77, но Атланта не се предаде.

Домаќините заиграа многу поагресивно и со серија од 19:5 стигнаа до 96:95, што беше и прво водство за нив на мечот. Во неизвесната завршница, Атланта даде два коша во низа и на крајот се радуваше на неочекувана победа.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА: Шарлот – Бруклин 86:115, Чикаго – Феникс 104:112, Мајами – Кливленд 124:105, Милвоки – Филаделфија 119:98 и Јута – Хјустон 110:120.

- Оглас -

Најнови вести