Кога не оди, не оди: Нејмар утна пенал иако голманот му остави простор од пет метри (Видео)

Заврши серијата шампионски титули за Пари Сен Жермен во француската лига, Лил им го одзеде трофејот, и по четврти пат се закити со титулата во Лига 1, а дека на Светците од Париз не им беше пишано да бидат прваци, се виде уште кога Нејмар утна пенал. ПСЖ победи со 2-0, даде еден интересен гол од корнер, но тоа не беше доволно за титула.

Нејмар можеби првпат во кариерата требаше да му шутне пенал на голман кој не стоеше на средина, туку блиску до едната статива, и му остави на Бразилецот огромен празен простор. Нејмар изгледа беше збунет, несигурно тргна да зема залет и го утна целиот гол.

- Оглас -

Најнови вести