Кога не оди тука се играчите на Спортска прогноза – За денеска имаат тикет со магичен коефициент

Иако сабота не беше најдобар ден за обложувачите по сензационалните порази на Реал Мадрид, Барселона и Севилја пред се, потоа и ремито на Јувентус, па и Ливерпул, недела може да биде ден за добивки.

Кога не оди најдобро, можеби добра солуција е да се послушаат советите на играчите на Спортска прогноза, а доста од нив се во трка за ајфон 11 со максимален број на погодоци на петте натпревари што беа вчера на менито во шестото коло од нашата бесплатна игра.

По веќе познатиот принцип, ако се одигра тикет за денеска со најтипуваните знаци за конечен исход, тогаш има комбинација од 7 меча со магичен коефициент од исти бројки, 80,80.

Торино за 75 посто од точно 1.641 учесници во шестото коло на Спортска прогноза е сигурен победник во дуелот со Калјари.

Уште поголема доверба имаат во Лестер дека ќе ја победи Астон вила, а над 70 проценти прогнозираа дека Сент Етјен ќе слави против Ница и Шалке 04 ќе ги освои првите бодови со триумф над Унион Берлин.

Во вечното дерби меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда речиси половина типуваат на реми, а повеќе има со прогноза за двојка, отколку за единица, па тука може да се одигра и двознак, дека „црвено-белите“ нема да загубат.

Слична е ситуацијата и на уште едно дерби, локалното меѓу Вилјареал и Валенсија, но тука домаќините имаат предност, а 1Х според советите на нашите прогнозери може да се одигра и за последниот денешен дуел што е на менито во шестото коло, меѓу Бетис и Реал Сосиедад.

Еве како изгледа тикетот според прогнозата за неделните 7 натпревари од учесниците на Спортска прогноза:

3007 Торино – Калјари 1 (2.30)

1307 Вилјареал – Валенсија 1Х (1.17)

 3682 Партизан – Црвена Ѕвезда Х2 (1.44)

 1708 Сент Етјен – Ница 1 (2.45)

 1809 Шалке 04 – Унион Берлин 1 (2.75)

 1005 Лестер – Астон Вила 1 (2.15)

 1310 Бетис – Реал Сосиедад 1Х (1.44)

- Оглас -

Најнови вести