Кога не сака, не сака – Сервираше трипати за меч, се обиде со легендарната финта на Чанг и загуби (Видео)

Сара Ерани се коцкаше во клучен момент на дуелот со Кики Бертенс на Ролан Гарос, се обиде да ја изненади противничката со легендарниот сервис на Мајкл Чанг и не успеа, а потоа во екстра драматичен меч и загуби со 6:7, 3:6, 7:9 од Холанѓанката.

Финалистката во Париз во 2014 година сервираше необично, се обиде да ја изненади Бертенс, но топчето заврши во нејзиниот дел од мрежата во моменти кога Ерани имаше сервис за победа.

Кики Бертенс ги прегрме сите искушенија на мечот, во кој имаше неверојатни 24 брејка и многу нервоза. Холанѓанката бараше тајмаут поради повреда, а си замина од теренот преморена во количка.

Ерани ги загуби нервите и непристојно реагираше, дури и со пцовка ја испрати ривалката надвор од теренот. Италијанката сепак сама си е виновна, бидејќи дури трипати сервираше за победа против изнемоштената противничка, а пропушти и една меч-топка.

Бертенс е петта носителка на Ролан Гарос и во следното коло ќе игра против Катерина Шинјакова од Чешка.

- Оглас -

Најнови вести