Кога не се бираат средства за победа, и тренерот може да биде 12-ти играч (Видео)

Тренерот на Катанија, Џузепе Рафаеле, направи неочекуван потег за кој доби и црвен картон на дуелот со Вибонезе, но според него, целта ги оправдува средствата, иако може да очекува строга казна.

При резултат 2:1 за неговиот тим, Рафаеле реагираше неспортски, влезе во теренот и сопре контранапад на Вибонезе. Го сопре противничкиот играч, кој беше во налет и потоа очекувано доби црвен картон.

Катанија победи со 2:1 и остана во игра за спас од испаѓање од Третата италијанска лига.

Некогашниот член на Серија А живее тешки фудбалски моменти. Во сезоната 2014/15 поради наместени натпревари испадна и од Серија Б, а и сега бие тешка битка за опстанок во Лигата Ц, сегмент Ц, за спас од преселба во уште понизок ранг.

Рафаеле сигурно ќе биде строго казнет од раководството на лигата, а неговиот потег наиде на жестоки критики на Чизмата.

 

- Оглас -

Најнови вести